Конте има ултиматум за Тотенхем, ако не се исполни ќе го репризира случајот Интер

Антонио Конте има услов за раководството на Тотенхем што треба да биде исполнет за да остане на кормилото на Спарс, објавија британските медиуми.

Италијанскиот стратег инсистира да се купат најмалку шест нови фудбалери во летниот преоден рок за да може тимот да биде конкурентен за евентуалниот настап во Лигата на шампионите, но и во трката за титулата вп следната сезона 2022/23.

Конте сигурно нема да отстапи, а сличен ултиматум имаше и за раководтството на Интер, кога ланската сезона ја освои титулата.

Челниците на Интер не му ги исполнија желбите па си замина, па сега ќе биде интересно и во слична ситуација во Тотенхем.

Француските медиуми најавуваат дека е можно Конте да биде нов стратег на ПСЖ, а Маурусио Покетино кој сега ги предводи Светците од Париз, да се врати на кормилото на Тотенхем.

Покетино беше тренер на клубот од Лондон од 2014 до 2019 година и под негива команда Тотенхем играше и во финале на Лигата на шампионите, но загуби од Ливерпул во Мадрид пред три години со 2:0.

 

 

- Оглас -

Најнови вести