Конте: Имав чувство дека сме „проколнати“

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, зборуваше по тешката победа со 1-0 над Венеција. Тој изрази задоволство од успехот, но призна дека имал чувство дека неговиот тим е „проколнат“.

„Чудно е што десет минути пред крајот резултатот сè уште беше 0-0. Имав чувство дека сме проколнати. Доминиравме во поседот на топката, упативме 25 удари, промашивме пенал и погодивме статива. Немаше да ме изненади ако на крајот го изгубевме мечот. Венеција играше добро. Нѐ изненадија со тоа што Похјанпало беше на клупата, а се фокусираа на одбраната и контранападите. Имаат двајца многу брзи напаѓачи, кои ни создадоа проблеми, но Алекс Мерет одлично реагираше и ги спречи. Задоволен сум што тимот напредува, но сакам да постигнуваме повеќе голови за да избегнеме вакви инфарктни моменти во последните минути“, изјави Конте.

Со оваа победа, Конте сега има освоено 500 поени во Серија А. Тој веќе има освоено Скудето со Јувентус и со Интер, а сега сака тоа да го направи и со Наполи.


„Сакам да победувам, дури и кога играм карти со ќерка ми. Веќе реков дека не се задоволувам со ниски цели, но во исто време мора да бидеме реални за тоа каде сме и кои се целите на клубот. Овие две работи можеби изгледаат како да си противречат, но има разлика. Едноставно, не се задоволувам со мали цели, но да освоиме 41 поен по 18 кола заслужува почит. Ова е повеќе од она што го очекувавме. Сакаме да продолжиме да работиме, да напредуваме и се надевам дека нема да имаме повреди. Засега тимот ме радува многу“, дополни тренерот на Наполи.

- Оглас -

Најнови вести