12.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025

Конте изненадувачки си зеде одмор од Наполи

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, чија иднина во последните денови е предмет на бројни шпекулации, изненадувачки си зел неколку дена одмор за време на паузата за националните тимови, пренесуваат италијанските медиуми.

Конте ќе помине малку време со семејството во Торино, додека тренинзите на тимот се доверени со неговиот асистент Кристијан Стелини.

Официјалното соопштение од Наполи нагласува дека станува збор за тридневно отсуство на тренерот, „претходно планирано и усогласено со клубот“. Сепак, оваа вест привлече големо внимание бидејќи доаѓа по експлозијата на Конте кон тимот по поразот од Болоња со 0-2 и откако претседателот Аурелио де Лаурентис мораше да објави долг пост на социјалните мрежи за да ги демантира шпекулациите за евентуална оставка на тренерот.

Конте се очекува да се врати во Неапол на 17 ноември (понеделник), кога постепено ќе почнат да се враќаат и сите играчи од националните селекции.

И покрај обидите на Де Лаурентис, тензијата меѓу него и Конте сè уште останува. Во последните денови клубот јасно истакнува дека сите го поддржуваат Конте. Сега на тренерот и на играчите им преостанува да ја обноват хармонијата и желбата за заедничка борба, кои недостасуваа на почетокот од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести