Тренерот на Наполи, Антонио Конте, беше разочаран по ремито 2-2 против Џенова во Серија А. Со овој резултат неговиот тим му дозволи на Интер, кој ги брка, да се доближи само на еден бод. Конте смета дека Партенопеите ја загубиле предноста во трката за Скудетото, но ги заштити своите играчи и изјави дека ремито било незаслужено со оглед на тоа што го покажаа двата тима.
„Џенова упати два удари и постигна два гола. Такви работи се случуваат во фудбалот. Кога ќе примиш гол, значи можело подобро да се реагира во таа ситуација. Разочарувачки е, затоа што заслуживме победа со оглед на сите шанси што ги создадовме. Останува горчина и разочараност“, изјави Конте.
„Се лутам кога не победуваме дури и на почетокот на сезоната, а што да кажам сега, кога остануваат уште три кола до крај. Но тоа е фудбалот, такви нешта се случуваат. Билинг влезе за да ни ја засили играта во воздухот, но беше префрлен при израмнувачкиот гол. Не можам да барам повеќе од моите играчи. Упатија 22 удари, од кои 11 во рамките на голот. Доминација и во поседот на топката. Сепак, натпреварот заврши нерешено. Очигледно мора да се подобриме во таквите ситуации“, додаде тренерот на Наполи.
„Не заслуживме да ги испуштиме овие две поена, со тоа го загубивме бонусот што го имавме во трката за титулата. Ни беа потребни седум бода од три кола за да бидеме шампиони, сега ни требаат шест бода од два натпревари. Сè уште можеме да го направиме тоа и тоа би било неверојатно“, заклучи Конте.