Антонио Конте се очекува да ја прифати понудата на Тотенхем и да биде новиот тренер на Спарс на местото на Нуњо Еспирито Санто. Англиските медиуми одбјавија дека тоа може да се случи денеска, или најдоцна утре, а Португалецот ќе добие отказ во Тотенхем.
Развојот на ситуацијата е интересен бидејќи Конте беше најавуван како замена за Оле Гунар Соскјер во Манчестер јунајтед. Дури се истакнуваа некакви планови на италијанскиот стратег со дел од играчите на Црвените ѓаволи, кои би останале, или би заминале, но ситуацијата се смени.
Сега е речиси сигурно дека Конте ќе замине во Лондон, наместо за манчестер и ќе биде новиот тренер на Тотенхем.
Сличен маневар летоска направи Кристијано Риналдо. Португалецот веќе беше печен како нов член на Манчестер сити, но иако пристигна во градот Манчестер, потпиша за Манчестер јунајтед.
Конте е поранешен селектор на Италија, а беше и тренер на неколку познати екипи, меѓу кои се Јувентус, Интер, Челзи и Аталанта.