Конте: Ќе биде тешко, за девет дена играме три меча

Тренерот на Интер, Антонио Конте призна дека е загрижен поради претстојните мечеви за неговиот тим. Конте вели дека секогаш е тешко клубот да се врати во вистински ритам по репрезентативната пауза. Интер утре ќе гостува кај Болоња, а Нераѕруите очекуваат да ја задржат челната позиција и покрај жестокото темпо кое следува за Нераѕурите.

„Никогаш не е лесно по паузите кои се создаваат поради репрезентативни обврски, но ние мора да продолжиме таму каде што застанавме. Мора да се фокусираме и да гледаме само напред. Прво играме против Болоња, а потоа в среда ни следи одложениот меч против Сасуоло. Следниот викенд играме уште еден меч, што значи дека за девет дена ќе играме три натпревари. Затоа мора да бидеме внимателни и да го сочуваме лидерското место на табелата. Болоња има одличен тим на чело со Синиша Михајловиќ како тренер. Знаат да играат агресивен фудбал, но ние се подготвуваме на најдобар можен начин за овој дуел“, вели Конте.

Интер е лидер во Серија А со 65 бода од 27 меча, пред Милан кој има 59 бодови од 28 натпревари, додека трет е Јувентус со 55 бода од 27 средби.

 

- Оглас -

Најнови вести