Деновите на капитенот Данило во Јувентус изгледа се одбројани. Бразилскиот дефанзивец, кој е дел од клубот од 2019 година, кога пристигна од Манчестер сити, има договор со Старата дама до крајот на сезоната. Сепак, според последните информации, продолжување на соработката е малку веројатно.
Оваа ситуација му овозможува на 33-годишниот Данило, од почетокот на следната година, да започне преговори со други клубови и да го напушти Јувентус како слободен играч во летниот трансфер период.
Според информациите на „Футмеркато“, тренерот на Наполи, Антонио Конте, внимателно ја следи ситуацијата околу Данило. Наводно, постои устмен договор меѓу двете страни, а Данило е ентузијастички расположен за можноста да го засили Наполи и да стане значаен дел од проектот на Конте.
Данило зад себе има извонредна кариера, која вклучува две титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид, две титули во Премиер лигата со Манчестер сити и Скудето со Јувентус. Неговото искуство и лидерски способности би биле огромно засилување за Наполи, како на теренот, така и во соблекувалната.
Доколку трансферот се реализира, Наполи би добил искусен и докажан играч, кој би можел да внесе стабилност и менталитет на победник во тимот.