Тренерот на Наполи, Антонио Конте, одговори на критиките дека неговите тренинзи се пренапорни.
„Играчите се жалат на напорни и интензивни тренинзи? Еден ден, капитенот на Челзи побара да се забави темпото, да се намали количината на видео анализа. Се согласив, бидејќи ја разбирав нивната култура, нивниот пристап кон фудбалот. Кога сте во странска земја, мора да внимавате да не превртите сè наопаку. Кој беше резултатот од тоа? Изгубивме два натпревари по ред, а јас речиси ја изгубив работата. Оттогаш, решив дека ќе ги правам работите на свој начин, а не по туѓи наредби. Барањето одобрение од сите е самоубиство“, раскажува Конте.
„И кога ќе слушнам за напорни тренинзи, се насмевнувам. Зидан и Дел Пјеро кои игра со мене во Јувентус тренираа многу поинтензивно. Денес правиме една третина од она што го правевме во наше време“, вели Конте.