Конте може да стане четвртиот тренер кој седел на клупата на трите најголеми италијански клуба

Поранешниот селектор на Италија и тренер на Јувентус, Интер Тотенхем и Челси, Антонио Конте, се главен избор на управата на Милан за да го наследи Стефано Пиоли.

Италијанските медиуми пишуваат дека Пиоли е веќе „екстренер“ на Милан и управата на Росонерите веќе стапила во контакт со претставниците на Конте.

Доколку дојде до договор, Конте може да се врати во Милано бидејќи од 2019 до 2021 година го предводеше Интер со кого освои една титула.

Конте и со Јувентус има освојувано титули и доколку дојде до договор, тој би можел да стане четвртиот тренер во историјата кој би седел на клупата на трите најголеми и најтрофејни италијански клубови, Јувентус, Милан и Интер.

Пред него, само Јозеф Виола, Џовани Трапатони и Алберто Закерони, седеле на клупата на трите тима.

Покрај Конте, во игра за наследник на Пиоли и Игнацио Абате кој би бил преодно решение до крајот на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести