9.8 C
Skopje
среда, 4 февруари 2026

Конте на мечот со Фиорентина им викал на Елмас и на Гутиерес: „Ќе ве убијам!“

Наполи викендов минимално ја победи Фиорентина со 2-1, а во финишот имаше ситуација која го излуде тренерот Антонио Конте, по што тој во момент на лутина и бес им се заканувал на нашиот Елиф Елмас и на Шпанецот Мигел Гутиерес дека ќе ги убие. 

Пред да шутне шише, Конте им вика – повеќе или помалку добронамерно – на своите играчи: „Ќе ве убијам, ќе ве убијам!“. Ова е честа фраза која ја користат тренерите од сите нивоа, од аматери до највисоката лига, тоа е начин да ги поттикнат да го задржат вниманието во клучните моменти, но, секако, не е баш педагошки.

Во судиското продолженние, Конте барал кратко проигрување на Гутиерес и Елмас за да се троши времето. Но, тие не се разбраа добро.

Елмас се оддалечи од корнерот за да влезе во 16-никот, Гутиерес чекаше, а потоа Елмас се врати, но беше предоцна. Резултатот? Погрешен центаршут на Шпанецот, Фиорентина ја освои топката и започна контранапад (за среќа на Наполи, без сериозни последици, акцијата пропадна).

Камерите на ДАЗН го снимија целиот настан: Конте на клупата беснееше, ја стисна тупаницата, се сврте кон играчите и заканувачки извика: „Ќе ве убијам! Ќе ве убијам!“ со лут тон, како да сакаше да ги задави за тривијалната грешка што се закануваше да им ги одземе трите бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести