Конте најави заминување од Наполи: Не сум глупав, можам да проценам

Наполи со 1:0 славеше на гости кај Монца и на тој начин се израмни по бројот на бодови со лидерот Интер. Нераѕурите имаат шанса повторно да му „избегаат“ на Наполи затоа што попладнево играат против Болоња на гости.

Без оглед на тоа што Наполи е единствен ривал на Интер во трката за титулата, тренерот на Наполитанците, Антонио Конте најави дека размислува да си замине од клупата на крајот од сезоната.

„Среќен сум во Неапол. И моето семејство е среќно, бидејќи има сонце, прекрасна храна, луѓето се гостопримливи, но ова е мојот личен живот и не можам само да застанам тука. Јас носам одговорност и не сакам да ги разочарувам навивачите. Имам почит кон претседателот Де Лаурентис. Тие побараа од мене да подадам рака за помош и тоа го правам, но навивачите на Наполи сакаат да победат и да ја имаат таа амбиција“, вели Конте, кој додаде дека ако клубот сака да се трка за титулата, ќе мора да има ногу поконкурентен состав.

“Не сум глупав, можам да проценам. Направив голем притисок врз себе, но потребно ми е вистинско оружје за борба. Треба да разгобарам со претседателот и потоа ќе донесам одлука“, додаде Конте.

- Оглас -

Најнови вести