-5.2 C
Skopje
понеделник, 19 јануари 2026

Конте не ја крие желбата дека сака со Интер да освои важен трофеј

Интер освои само еден бод во првото коло, и тоа на свој терен во Лигата на шампионите, откако одигра 2:2 против Борусија Менхенгладбах. Нераѕурите дури може да бидат и задоволни затоа што со гол во 90-тата минута се спасија од пораз. Вечерва Интер гостува кај Шахтар, кој изненадувачки славеше во Мадрид против Реал со 3:2.

Тренерот на Интер, Антонио Конте, не ја крие желбата да освои важен трофеј со Интер, но потенцира дека за тоа е потребно време.

„Не сакам да брзам со коментарите дека ние сме фаворити за освојување на некој трофеј. Секогаш сум велел дека во Интер дојдов за да донесам трофеи и да ги израдуваме навивачите. Тоа што минатата сезона го постигнавме во Лигата на Европа е искуство повеќе за нас. Стигнавме до финалето од ЛЕ, а сега нашиот фокус е насочен на Лигата на шампионите. Лукаку и Лаутаро се одличен тандем во нападот, имаме добар тим и Интер треба да се врати на старите позиции во европскиот фудбал“, рече Конте, кој сигурно ќе се обиде да направи тактика за освојување на трите бода од гостувањето во Украина.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести