Конте: Не знаев дека Интер загубил, моја работа е да победувам со Наполи

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изрази големо задоволство од победата со 2-0 против Торино, која го искачи неговиот тим на првото место во Серија А, правејќи го тимот фаворит за освојување на Скудетото. Тој нагласи дека тимот ја има судбината во свои раце, ако победат во преостанатите четири натпревари, ќе станат шампиони.

Интересно е што Конте откри дека не знаел дека неговиот голем конкурент Интер изгубил од Рома (0-1) пред почетокот на натпреварот бидејќи не го следел тој натпревар. Според него, не сака да се оптоварува со натпреварите на другите тимови и дека се фокусира на своите.

„Не го гледав натпреварот, доволно ми е да ги гледам нашите. Ако сакате верувајте, ако не — не ми е гајле“, изјави Конте, додавајќи дека сега Наполи има четири тешки натпревари пред себе, но и добра шанса да ја освои титулата бидејќи сè е во нивни раце.

Конте истакна и дека средниот ред на Наполи, вклучувајќи ги Скот Мектоминеј, Станислав Лоботка и Франк Ангиса, има важна улога во оваа сезона. Според него, тимот не се истакнува со играчи кои имаат многу постигнати голови, но тие работат напорно и го извлекуваат најдоброто од секој првотимец.

„Имаме 74 бода на четири кола до крајот, мислам дека веќе сме во Лигата на шампионите. Ова е извонредно“, изјави Конте, додавајќи дека освојувањето на Скудетото би било неверојатно достигнување.

- Оглас -

Најнови вести