Конте објасни каде Интер го загуби дуелот со Реал, но најави дека има уште три меча да се играат

Реал Мадрид водеше со 2:0, но Интер не се предаде и стигна до 2:2, а на крајот домаќините постигнаа и трет погодок и тоа беше доволно за голема радост на сите фанови на Кралскиот клуб. Тренерот на Интер, Антонио Конте, беше разочаран од поразот, но и задоволен од односот на неговите фудбалери на теренот.

„Ова е мојот Интер и во добро и во лошо. Мислам дека e потребно овие чекори да ги направиме за да се подобриме. Нема многу клубови кои дошле тука во Мадрид и да успеат да се вратат по негатива од 0:2 против Реал. Стигнавме до 2:2, а потоа имавме шанси и да стигнеме до победа од 3:2. Дојдовме во Мадрид да се надигруваме, но деталите беа тие кои го одлучија победникот“, вели Конте кој не сака да се предаде и верува дека Интер може да стигне до едно од првите две места.

„Остануваат уште три меча да се доиграат, а тоа значи дека во опција се уште девет бода. Тоа ќе биде нашиот предизвик“, вели Конте, чиј тим е последен на табелата со само два бода од три дуели.

За разлика од Конте, Зинедин Зидан има многу повеќе причини за радост.

„Мора да им се честита на моите момци бидејќи ова беше многу мачен дуел. Интер покажа дека е добар ривал, но мислам дека ние заслужено ги освоивме трите бода“, вели Зидан.

 

- Оглас -

Најнови вести