11.8 C
Skopje
четврток, 4 декември 2025

Конте остана само со двајца играчи за врска, Елмас и Мектоминеј

Наполи најверојатно ќе биде без Станислав Лоботка за дербито со Јувентус во недела. Играчот за врска има мускулна повреда, објавија од клубот.

Повредата била добиена за време на загревањето пред вчерашниот натпревар од Купот на Италија против Каљари, кој тимот на Антонио Конте го доби по изведувањето на пеналите.
Лоботка не беше предвиден да започне како стартер, но по повредата не беше ниту на клупата за резерви.

Ова му создава нови проблеми на тренерот на Наполи бидејќи Де Бројне, Гилмор и Ангиса исто така се повредени. Единствените опции на Конте за средниот ред се Скот Мектоминеј и Елиф Елмас.

- Оглас -

Најнови вести