Конте останува во Наполи? Ќе добие поголема плата и квалитетни засилувања (Видео)

Антонио Конте се премисли и сè води кон тоа дека ќе остане на клупата на новиот италијански првак Наполи. Иако официјалната потврда сè уште се чека, италијанските медиуми вечерва објавија дека е постигнат целосен договор меѓу Конте и претседателот Аурелио Де Лаурентис, во присуство на спортскиот директор Ман и адвокатот Кјавели.

Конте, кој неодамна се поврзуваше со враќање во Јувентус, наводно ја одбил понудата од Торино и се согласил да ја продолжи својата авантура во Неапол до 2027 година. Во новиот договор ќе има и зголемена плата, над сегашните 6 милиони евра по сезона, како и ветување од клубот за значајни засилувања во текот на летниот преоден рок.

Покрај веќе споменуваниот интерес за Кевин Де Бројне, Наполи е силно заинтересиран и за канадскиот напаѓач Џонатан Дејвид, што покажува амбициозна трансферна стратегија под водство на Конте.

Оваа одлука на Конте значи дека Јувентус останува без тренерска опција, откако и Милан вечерва го назначи Масимилијано Алегри. Во такви услови, не е исклучено дека Игор Тудор, и покрај шпекулациите, би можел да остане на клупата на Јувентус како резервна варијанта.

Наполи наскоро треба да излезе со официјално соопштение, но сè укажува на тоа дека Конте останува, со нова мотивација и амбициозен проект пред себе.

- Оглас -

Најнови вести