-9.2 C
Skopje
вторник, 13 јануари 2026

Конте откри зошто доби црвен картон на дербито со Интер (Видео)

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, доби црвен картон на вчерашното дерби против Интер на „Џузепе Меаца“, во кое неговиот Наполи одигра 2-2.

При досудениот пенал за Нераѕурите во 71-та минута од натпреварот, тренерот се изреволтирал и му се обратил на четвртиот судија со зборовите: „Не ли ви е срам?!“

Веднаш по ова и силно шутна една од топките покрај теренот, што доведе до неговото исклучување.

„Ако зборувам уште, ќе добијам уште поголема казна“, изјави кусо Антонио Конте за оваа непријатна случка.

- Оглас -

Најнови вести