Конте пред враќање во Лондон, ќе го преземе лутиот сосед на Челзи

Антонио Конте е блиску до клупата на Тотенхем откако неговите претставници влегоа во напредни преговори со клубот од Северен Лондон. Италијанецот по освоеното Скудето со Интер, си замина од „Џузепе Меаца“ поради лошиот однос со управата, но за брзо време ќе се врати во фудбалот, а воедно и во Премиер лигата.

Конте две години беше менаџер на Челзи, лутиот ривал на Тотенхем, со кого ја освои Премиер лигата во сезоната 2016/17, но и ФА купот една сезона подоцна, пред да добие отказ од Сините. Менаџерската позиција во Тотенхем засега привремено му припадна на Рајан Мејсон по отказот на Жозе Мурињо.

Останува да се договорат неколку детали, но и услови кои Конте ги постави. Еден од нив е ангажман на ексспортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи, но и слобода околу составување на тимот. Исто така, Конте посакува од управата да се погрижи околу тоа да го задржи Хари Кејн, кој најави дека сака да си замине од Тотенхем поради недостиг на трофеи.

- Оглас -

Најнови вести