„Конте против Тухел“ продолжи на социјалните мрежи: Имаш среќа што не те видов… (фото)

Бесно беше градското дерби во кое Челзи и Тотенхем ги поделија бодовите при конечни 2-2, а во два наврати гледавме вербален клинч меѓу менаџерите Тухел и Конте со голема доза на агресивност.

Прво тренерите се зафатија при израмнувачкиот гол на Хојбјерг за 1-1, по кој Сините бараа да се свири фаул во напад во акцијата која заврши со погодок за гостите. Конте и Тухел се судрија гради со гради, настана мешаница, па се претпоставуваше дека страстите се смирија.

Кога заврши мечот, Тухел при поздравувањето со Конте го потегна за раката сугестирајќи да го гледа во очи кога се поздравува, на што Италијанецот бурно реагираше и повторно мораше да ги делат за да не настане тепачка.

Нормално, третата рунда од овој „дуел“ продолжи на прес-конференциите, со нагласување од двете страни дека инцидентите беа во духот на дербито. Сепак, има и четврта епизода, во која Антонио Конте посегна по социјалните мрежи. На „Инстаграм“ Конте објави фотографијата во која Тухел трча кон навивачите од радост при голот за 2-1 на Челзи, поминувајќи покрај стратегот на Петлите.

Конте со доза на хумор напиша: Имаш среќа што не те видов, ќе беше заслужено да те сопнев“, стои во дескрипцијата.

- Оглас -

Најнови вести