9.8 C
Skopje
четврток, 11 декември 2025

Конте разочаран по поразот: „Веќе немаме сили“

Наполи загуби со 2-0 на гостувањето кај Бенфика, а тренерот на актуелниот шампион на Италија, Антонио Конте, причините за поразот ги лоцира во густиот распоред, кој фудбалерите веќе не можат да го издржат.

„Ова е кумулативен ефект од толку многу натпревари, неизбежно е на долг рок да ја платиме цената. Вистината е дека не бевме остри од самиот старт. Бенфика играше во петок, а ние игравме во недела, по долга серија тешки натпревари. Во тие натпревари потрошивме многу физичка и ментална енергија. Зборував за енергијата пред овој натпревар затоа што знаев дека на долг рок ќе ја платиме цената. Денес се мачевме, тие беа поагресивни, особено на почетокот. Сакавме да бидеме агресивни, но згрешивме во пресингот, дозволивме опасен напад и тоа нè исплаши. Како резултат на тоа, бевме премногу отворени во првото полувреме, не бевме доволно агресивни во пресингот, особено зад нивните играчи од средниот ред“, рече Конте по поразот во Лисабон.

- Оглас -

Најнови вести