Конте: Реал и Гладбах ќе се договорат? Ова е ЛШ, а не некое кафанско натпреварување

Тренерот на Интер, Антонио Конте, не очекува Реал Мадрид и Борусија Менхенгладбах да се договорат да одиграат нерешено на вечерашниот натпревар во случај на победа на Интер, иако то би значело дека и шпанскиот и германскиот тим ќе се пласираат во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Ако Нераѕурите го победат Шахтар, може да одат понатаму, но само ако има победник во Мадрид. Конте го мачи и повредата на Артуро Видал, па средниот ред ќе биде поинаков од тој што го замислуваше стручњакот. Интер без Видал победи во Мехненгладбах.

„Договор меѓу Реал Мадрид и Борусија? Реалноста е дека ние треба да победиме против еден одличен тим, иако ни фалат некои играчи. Пред една недела бевме како мртовци, а сега, кога ја гледаме светлината на крајот на тунелот, треба да мислиме само за победа. За другиот меч не се грижам. Ова е Лига на шампиони, играат големи клубови, не е некое натпреварување во бар. Во ова ниво на фудбал, секој игра за победа“, вели Конте.

- Оглас -

Најнови вести