Конте сака уште време: Потребни ни се уште три трансфер периоди за да се бориме за титулата

Екипата на тотенхем беше доста активна на трансфер пазарот доведувајќи неколку одлични фудбалери, а тука пред сè се мисли на Ришарлисон и Иван Перишиќ.

Апетитите на „петлите“ пораснаа со доаѓањето на Антонио Конте и пласман во Лигата на шампионите, а сега целта е да се освои трофеј.

Сепак, Конте смета дека треба најмалку уште три трансфер периоди за да биде реално сето тоа.

„За да бидеме конкурентни за во Премиер лигата и да избориме место во Лигата на шампионите, потребни ни се уште три трансфер периоди за да можеме да доведеме играчи.

Мораме да бидеме реални и да кажеме дека некои клубови мораа многу да потрошат за да ги остварат целите, а јас не сакам да има некакви забуни бидејќи во моментов не сме конкуренти за титулата“ изјави Италијанецот.

Тотенхем летово потроши 170 милиони евра на засилувања а во моментов се наоѓа на треттата позиција во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести