Конте: Сакав да го доведам Златан во Челзи

Антонио Конте ќе има прилика да се сретне со Златан Ибрахимовиќ во пресрет на миланското дерби кое е закажано на 9 февруари. Ибрахимовиќ пред околу десетина дена по подолго време се врати во Серија А, поточно во редовите на Милан. Конте се изјасни дека го почитува искусниот шведски голгетер, а откри и дека имал неуспешен обид да го доведе на „Стемфорд бриџ“ кога Италијанецот беше предводник на Челзи.

„Имам голем респект кон Златан. Сакам да му посакам добредојде назад во Италија, сигурен сум дека ќе биде клучен играч на Милан. Тој е роден победник, а кога работиш со такви атлети сè останато е послесно. Јас секогаш настојувам да работам со играчи кои точно ја вршат дадената задача, а воедно разбираат што барам од нив. Златан е еден од нив, затоа и сакав да го доведам во Челзи. Меѓутоа, тој беше во процес на рехабилитација во тој период и не размислуваше многу за трансфери“, истакна Конте.

Ова се однесува за периодот кога Ибрахимовиќ одлучи да остане втора сезона во Манчестер јунајтед иако се бореше до тешка и долга повреда, во сезоната 2017/18. Набрзо потоа одлучи да замине за САД каде ги бранеше боите на ЛА галакси.

- Оглас -

Најнови вести