Конте се извини: Се стопивме како снег на сонце

Еден од најдобрите италијански тренери, Антонио Конте, имаше неславен почеток како предводник на Наполи. Во првиот меч од Серија А, Наполи на гости кај Верона загуби убедливо со 3:0.

Наполи беше фаворит за победа пред мечот, а по првото полувреме немаше погодоци. Во вториот дел се очекуваше Наполи да притисне, но наместо тоа, Верона тргна во офанзива и на крајот домаќините стигнаа до убедлива победа.

По мечот, тренерот на Наполи, Конте изјави дека целосно ја презема одговорноста за овој лош резултат.

„Дозволивме Верона да ни зададе удар на почетокот на второто полувреме и ние потоа не успеавме да се вратиме во мечот. Едноставно, се стопивме како снег на сонце. Сакам да им се извинам на сите навивачи на Наполи кои со цело срце навиваат за овој клуб. Јас сум тренер и целосно ја преземам одговорноста. Со многу ентузијазам дојдов во Наполи и се надевам дека ќе можам да помогнам“, рече Конте, кој во богатата тренерска кариера бил на чело на Тотенхем, Интер, Челзи, Јувентус, Сиена, Бари и Арецо, а во периодот од 2014 до 2016 година беше и селектор на Италија.

- Оглас -

Најнови вести