Конте се откажа од бекот на Челзи и најде поефтина алтернатива

Интер нема намера да плати 25 милиони евра за Емерсон Палмиери, бекот на Челзи, па затоа се насочи кон ангажман на Александар Коларов. Искусниот бек на Рома е поефтината алтернатива за Антонио Конте, во кого гледа идеално решение за левата бековска позиција и би чинел околу 10 милиони евра.

Коларов и минатото лето им беше интересен на Нероаѕурите, меѓутоа Рома одби да го пушти клучниот играч, но Волчицата сега нема ништо против да се ослободи од еден од најплатените фудбалери во составот.

Во претходните три сезони, 34-годишниот Коларов запиша повеќе од 130 настапи за Рома во кои постигна 19 погодоци, преселба во Интер ќе му овозможи настап во Лигата на шампионите, како и борба за Скудетото.

- Оглас -

Најнови вести