Конте се тресеше еден час, па се радуваше на прва победа во кам-бекот во Англија

Антонио Конте имаше неизвесно деби како тренер на Тотенхем на домашен терен, но сепак на крајот и се радуваше на победа, а неговиот тим со пресврт славеше со 2:1 против Лидс.

Италијанскиот стратег се врати во Премиерлигата како менаџер на Спарс во претходното коло на гостувањето кај Евертон, на меч што заврши без голови, а вечерва и се претстави на публиката на Тотенхем со триумф.

Лидс поведе со погодокот на Даниел Џејмс во финишот на првото полувреме, а Хојбјерг i Регулион направија пресврт со погодоци во 58. и во 69. минута за победа од 2:1.

Конте беше тренер на Челзи од 2016 до 2018 година и во првата сезона беше шампион со Сините од „Стемфорд Бриџ“, а следната сезона го крена и пехарот во ФА купот.

 

- Оглас -

Најнови вести