Антонио Конте е пред нов предизвик. Трофејниот италијански стратег седна на клупата на Тотенхем и започна со победа. Лондонскиот тим на свој терен со 3:2 го победи Витесе, во меч од Конференциската лига. Конте е познат како тренер кој едноставно знае да ги прероди клубовите во позитивна насока.
Кога дојде во Јувентус во 2011 година, Старата дама беше на седмото место, а на крајот од сезоната го освои Скудетото и создаде тим кој доминираше во Серија А. Во 2017 година го презеде Челзи кога беше на десеттото место во Премиер лигата, а на крајот во клубот ја донесе шампионската титула.
Минатата сезона, Конте во Интер дојде кога Нераѕурите беа на четвртото место во Серија А, а на крајот од сезоната се радуваше на шампионскиот трофеј. Сега голем предизвик ќе му биде дали Тотенхем конечно ќе успее да се израдува на некој трофеј.
„Сакам да ја вратам довербата во Тотенхем. Овој клуб има голем потенцијал. Бев воодушевен од стадионот и сите терени кои се околу него, како и останатите содржини кои ги има тука. Не знам дали некој друг клуб во светот има таква инфраструктура. Тотенхем е врвен клуб“, задоволно коментираше Конте.
По 10 кола во Премиер лигата, Тотенхем е на деветото место само со 15 освоени бодови, дури 10 помалку од лидерот Челзи. Првиот меч како тренер на Тотенхем во Премиер лигата Конте ќе го има на гостувањето кај Евертон.