Конте се зајаде со Манчестер јунајтед: Мој тим никогаш нема да прими 6-7 гола!

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, од критиките дека неговиот тим игра претерано дефанзивно и покрај тоа што има многу квалитетни напаѓачи, се брани со контратеза дека најважен му е резултатот и не сака да се доведе во ситуација како Јунајтед во дербито со Сити.

„Кога губите, барате оправдувања, а кога победувате, противникот бара оправданија. Најважно е да се разработи план со кој ќе се направи идеална тактика со карактеристиките на играчите кои ги имате. Во спротивно, може да се случи да примите шест, седум или осум голови. Во Англија има многу такви примери. Во мојата кариера никогаш не се случило такво нешто“, вели Конте.

„Не сакам да играм отворено и противникот да ми даде толку многу голови. Сум ги освојувал и Премиер лигата и Серија А, затоа мислам дека многу луѓе треба да учат фудбал од мене“, додава Италијанецот.

- Оглас -

Најнови вести