Конте си оди од Тотенхем

Италијанскиот стратег, Антонио Конте, ќе го напушти Тотенхем на крајот од сезоната кога ќе му истече договорот, објави новинарот Џанлука ди Марцио.

Конте во Тотенхем пристигна минатата година кога тимот се наоѓаше во тешка ситуација, и успеа да го однесе во Лигата на шампионите.

Но, сезонава Тотенхем не игра според очекувања, Конте е разочаран од претседателот Даниел Леви, кој не му ги донесе сите играчи што ги бараше, Италијанецот смета дека тимот е лимитиран и не може да се бори за титулата.

Поради тоа, Конте одлучил на крајот од сезоната за си замине од премиерлигашот и како можна дестинации се споменуваат два гиганти, Реал Мадрид и ПСЖ.

Како наследник на Италијанецот во Тотенхем, се споменува Маурисио Покетино кој од 2014 до 2019 година седеше на клупата на Петлите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести