Конте: Специјалист сум за победите, но и за порази затоа што сум загубил многу важни дуели

Наполи денеска може да ја освои титулата во Серија А. Во пресрет на последното коло во Серија А, тимот од југот на Италија е лидер на табелата и со евентуална победа над Каљари, трофејот ќе заврши во витрините на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Овој меч против Каљари има посебно значење и за тренерот на Наполи, Антонио Конте. Стратегот на Наполи во својата прва сезона во Наполи може да испише историја. Конте се обидува да стане првиот стратег кој освоил титула во Серија А со три различни клубови.

Интересно е дека Конте нема да биде на клупата на Наполи за дуелот против Каљари бидејќи одредува суспензија, но очекува да се радува по завршување на средбата. Сепак, Конте потсети дека во кариерата имал и големи порази и потсети дека во фудбалот сè е можно.

„Кај сите играчи постои голема желба да се одигра најдобро што можеме. Се ближиме кон крајот на многу стресна сезона, а ова е последниот натпревар со којшто се затвора сезона во која градот и околината беа нови за мене. Ние сме одговорни да им дадеме на навивачите нешто убаво и историско. Можеби сум специјалист за победа, но сум и специјалист за пораз. Мојата кариера зборува сама за себе. Само погледнете што изгубив: три финалиња на Лигата на шампионите (1997, 1998, 2003), едно финале на Светското првенство (1994), едно финале на Европското првенство (2000) и едно финале на Купот на УЕФА (1995). Би можело да набројам уште многу. Се обидувам да бидам специјалист за помагање на клубот и играчите. Не сакам луѓето да заборават дека во кариерата има и победи и порази. Овие порази ме направија тврдокорен, понекогаш дури и тврд. Тоа е она што понекогаш ме прави суров“, вели Конте, кој жали што нема да може да им помогне на соиграчите во решавачкиот дуел.

Како тренер, Конте има три титули во Серија А со Јувентус, и тоа во 2012, 2013 и 2014 година. Потоа беше првак и со Интер во 2021 година, а сега е на прагот да го крене шампионскиот пехар и со Наполи. Ниту еден тренер досега не бил најдобар си три различни клуба.

- Оглас -

Најнови вести