Конте: Судијата не ги почитуваше моите играчи

Барселона со доста мачење успеа да го сврти резултатот против Интер во своја корист за конечни 2-1 и да ја оствари првата победа во групната фаза од Лигата на шампионите. Каталонците со помош на двата гола на Суарес во второто полувреме дојдоа до посакуваниот резултат, иако Нераѕурите рано ја отворија средбата и речиси еден час беа во резултатска предност.

По мечот, единствената критика која ја упати Антонио Конте беше кон словенечкиот судија Дамир Скомина, кој беше задолжен да ја дели правдата на ова дерби.

„На ракавот од дресот на судијата стои знакот „респект“, но јас тоа не го забележав од него. Уште од почетокот на натпреварот не ми се допаднаа некои негови одлуки. Не ги почитуваше моите играчи, иако се работи за судија кој минатата сезона делеше правда во финалето од ЛШ. Станува збор за искусен судија, кој не смееше да потпадне под влијанието на атмосферата на „Камп ноу“. Тој е само една од причините што сметам дека незаслужено загубивме“, истакна Конте.

- Оглас -

Најнови вести