Конте: Вакво нешто на европските гиганти не смеат да им направат!

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте, беше многу лут по мечот со Спортинг откако на  лондонскиот тим му беше поништен гол во 90+6 минута за победа. Доколку тој гол беше признат, Тотенхем ќе победеше и ќе обезбедеше место во осминафиналето од Лигата на шампиони, а сега останува во последното коло да се бараат патниците за нокаут-фазата во групата Д.

По поништениот гол на Кејн, бурно реагираа од клупата на Тотехем, а еден од највоинствените беше тренеро Антонио Конте, кој доби црвен картон и сега нема да може да го предводи тимот во последниот меч од групната фаза против Марсеј. Конте беше многу лут затоа што беше исклучен и потенцираше дека на големите европски клубови ова не им се случува во клучни моменти.

„Многу луѓе влегоа на теренот, а судијата реши мене да ме исклучи. Има моменти кога ќе сфатите дека ви е поништен регуларен гол бидејќи топката беше пред Кејн. Знаете дека не коментирам одлуки на судиите, но едноставно оваа сезона имавме среќа со ВАР-системот во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Мислам дека тоа ни направи голема штета. Би сакал да видам вакви одлуки против врвни екипи во толку важни мечеви. Би сакал да го видам ВАР-системот да биде толку храбар и да донесе таква одлука. Да повторам, нефер одлука затоа што топката беше пред Кејн. Жал ми е, но навистина сум вознемирен затоа што некогаш едноставно не можете да ја прифатите ситуацијата“, вели Конте, кој револтирано ја напушти прес-конференцијата.

https://twitter.com/i/status/1585390447819915264

- Оглас -

Најнови вести