34.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Конте во Интер би донел четворица играчи на Реал Мадрид

Тренерот Антонио Конте засилено работи на доведување засилувања кои би сакал да ги види во редовите на неговиот нов клуб Интер. Според шпекулациите на некои италијански медиуми, Конте до управата на Интер доставил долг список на потенцијални засилувања, а на таа листа има четворица членови на Реал Мадрид.

Конте би сакал во Интер да гi тренира крилата Герет Бејл и Лукас Васкес, дефанзивецот Начо и играчот за врска, Матео Ковачиќ.

Реал летово ќе потроши многу пари и за да не го прекрши финансискиот фер плеј, ќе мора и да продаде некои играчи, па доколку Интер испрати добри понуди, Kралскиот клуб сигурно ќе биде расположен во Милано да продаде некои од своите играчи кои не му се толку потребни на Зинедин Зидан.

- Оглас -

Најнови вести