Конте: „Во Неапол има сонце и убава храна, но ќе мора да разговарам со претседателот“

Наполи со тешка победа над „фенерџијата“ Монца (0-1) успеа да се израмни според бројот на бодови со Интер, но екипата на Милано денес гостува кај Болоња, па може повторно да се одлепи на врвот. Долго се најавува дека тренерот на Наполи, Антонио Конте, ќе си замине на крајот од оваа сезона, а тој ниту потврдува, ниту демантира, туку очекува разговор со претседателот на клубот.

„Среќен сум во Неапол, среќно е и моето семејство, тука има сонце, одлична храна и гостопримливи луѓе. Но, ова е мојот личен живот, не може да бидам задоволен само со тоа. Имам почит кон претседателот, но ќе мора да седнеме и да разговараме. Парите од Лигата на шампионите ќе пристигнат, тука е и продажбата на Кварацкелија, па сега е време за вистински одлуки.“ – рече Конте после победата над Монца.

Според него, се ќе зависи од планот на раководството за следната сезона, но и амбициите, па затоа не е исклучено и да го напушти Неапол, без разлика на разврската за шампионската титула.

- Оглас -

Најнови вести