Конте забрани кечап и мајонез во Тотенхем: Имам фудбалери со прекумерна тежина

Новиот тренер на Тотенхем, Антонио Конте, воведе редица новости во тимот, а една од нив е поврзана со исхраната на фудбалерите. Според Италијанецот, некои од играчите имаат прекумерна тежина, што е недозволиво.

Петлите од Лондон сега мора заедно да ручаат, а од менито се исфрлени мрсна храна, овошни сокови и сендвичи, а на прво место е забраната на кечап и мајонез, кои биле омилени додатоци на многумина играчи.

Играчите ќе пијат само тазе исцеден сок, а Конте побара играчите да јадат повеќе јаткасти плодови. Конте вакви мерки преземаше и во Челзи пред пет години, верува дека и тука ќе има успех и ќе ја подобри физичката состојба на фудбалерите.

- Оглас -

Најнови вести