Наполи ќе ја стартува новата сезона во Серија А со денешното гостување кај Верона, но тренерот Антонио Конте не е задоволен од развојот на настаните во клубот. Тој очекуваше дека многу побрзо ќе се реши ситуацијата околу ангажманот на Ромелу Лукаку од Челзи, а засега нема никаква разврска.
Од друга страна, Конте не може да смета ниту на Виктор Осимен, кој најави дека сака трансфер и нема да игра за тимот на почетокот на сезоната.
„Знаев дека ситуацијата ќе биде тешка, но не вака. Нема позитивни изненадувања, само негативни. Не знам кога ќе станеме компетитивен тим – за шест месеци, година, две, три… Навистина не знам“, изјави разочараниот италијански тренер за „Скај Италија“.