Антонио Конте има добар план да направи силен состав на Интер што може да му конкурира на неприкосновениот Јувентус во Серија А, а на радарот на „нероаѕурите“ е уште еден поранешен член на Старата Дама, Дани Алвеш.
„Спортмедиасет“ објави дека Алвеш е голема ѓелба на Конте, а Бразилецот особено добро би се вклопил во формацијата 3-5-2 на Конте.
„Со него и Интер и Серија А ќе бидат поатрактивни“, пишуваат новинарите на италијанскиот медиум.
Алвеш има неверојатни 42 трофеи со настапите за Севилја, Барселона, Јувентус и ПСЖ и е еден од најтрофејните активни играчи, но за 36-годишниот бек има и други заинтересирани екипи, откако тој самиот објави дека си заминува од редовите на популарните „светци“ од Париз.