Шпанската фудбалска Ла Лига потврди дека Лионел Меси има валитен договор со Барселона на уште една сезона и дека доколку некој клуб сака да го купи Аргентинецот, важи откупната клаузула што е потпишана, а таа изнесува неверојатни 700 милиони евра.
Меси побара да си замине без пари од клубот во кој ја помина целата досегашна кариера, но од Барселона категорично го одбија тоа, наведувајќи дека доколку има некој што сака да го купи аргентинскиот виртуоз, ќе мора добро да искешира.
Додека од Ла Лига застанаа на страна на Барселона, шпанскиот новинар Алвредо Мартинез го тврди спротивното. Тој вели дека во договорот јасно стои дека Меси може да си замине без да се плати оштета.
„Не ми е јасно на кој начин Ла Лига ја толкува оваа клаузула од договорот. Се работи за договор на три сезони, плус една година. Во четвртата година, оваа клаузула станува валидна, што значи дека Меси може да си замине од Барселона без клубот да ги бара тие 700 милиони евра оштета“, стои во објаснувањето на новинарот Мартинез.
Меси денеска не се појави на првиот собир на клубот кога играчите правеа тестови за Коронавирусот. Навивачите на Барселона беа разочарани што токму нивниот миленик го нема на „Камп Ноу“. Според најавите, в среда е договорен состанок меѓу Меси и челниците на Барселона. Доколку не дојде до договор, можно е целата сага да заврши на суд.
Најзаинтересиран за потписот на Меси е англискиот премиерлигаш Манчестер сити.
Que lectura hizo la LFP? No vio esta cláusula ? Es un contrato de tres temporadas más 1 , la cuarta en la que entra en vigor esta cláusula, que permitiría a Leo Messi abandonar el Barcelona sin pagar los 700 M € (Está es la indemnización a la que se refiere este artículo )
— Alfredo Martínez (@Alfremartinezz) August 30, 2020