Контроверзен судија ќе дели правда на Ел Класико, не го сакаат ниту Барса, ниту Реал

Алехандро Хосе Ернандес Ернандес ќе биде главен судија на претстојното Ел Класико меѓу Барселона и Реал Мадрид на 11 мај, објави шпанскиот медиум „Релево“. Натпреварот од 35-тото коло на Ла Лига може да биде клучен во борбата за титулата и веќе предизвикува огромен интерес.

Четириесет и двегодишниот Ернандес важи за еден од најдобрите судии во Шпанија, но и за контроверзна фигура. И покрај неговиот висок ранг, не е омилен ниту кај Барселона, ниту кај Реал Мадрид. Ова ќе биде негово петто Ел Класико, но прво речиси по пет години. Последниот пат го судеше дербито во декември 2019 година, кога натпреварот на „Камп ноу“ заврши 0-0.

Претходно тој беше дел од неколку бурни дуели: Реал славеше со 2-1 во сезоната 2015/16, Барселона со 3-2 во 2016/17, а во 2017/18 дербито заврши 2-2. Сите тие средби беа проследени со спорни моменти и исклучувања.

За натпреварот како ВАР-судија е назначен Хуан Мартинес Мунуера.

Името на Ернандес се поврзуваше и со антикорупциски истраги. Според шпанскиот портал „Ел Дебате“, тој е еден од четворицата судии чии имоти ги проверува Антикорупциската комисија на Шпанија. Неговиот имот наводно се проценува на над еден милион евра.

- Оглас -

Најнови вести