14.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Контроверзната Имане Келиф се пофали: „Мбапе ми пишува пораки, ме покани да излеземе“

Контроверзната алжирска боксерка Имане Келиф привлече големо внимание на Летните олимписки игри во Париз, на кои освои златен медал, пред сè со шпекулациите околу нејзиниот пол, но и фактот дека беше суспендирана од страна на ИБА поради зголемено ниво машки хормони.

Таа е вистинска ѕвезда во својата земја, а во изјава за медиумите во Алжир се пофали дека комуницира со Килијан Мбапе.

„Добив стотици пораки од Мбапе, кој сака да излеземе по мојот последен натпревар“, вели Келиф.

Нема официјална потврда дека навистина ѕвездата на Реал Мадрид ѝ пишувал пораки на алжирската боксерка, со оглед на тоа дека ова се нејзини зборови.

- Оглас -

Најнови вести