Најголемото индивидуална фудбалска награда, Златната Топка ќе претрпи четири големи промени, по големиот број на жалби, што од самите фудбалери, така и од новинарите кои се дел.
Контроверзната победа на Лионел Меси над Роберт Левандовски беше „капак на сè“ па затоа Франс Фудбал одличи да направи четири големи промени.
Првата е дефиниран календар и наместо досегашниот принцип кога се гледаше една календарска година, а таа опфаќше две полусезони. Новиот принцип на следеќе ќе биде од оваа година.
Ќе се следат настапите од јули оваа година, тука ќе бидат и Светското првенство во Катар, а играчите ќе се следат до јули наредната година.
Втората промена е тоа дека листите ќе бидат поскратени, се со цел поените да им се даваат навистина на најдобрите, а не по желба на самите луѓе што гласаат. Треттата новост е тоа што и самите листи ќе бидат подложни на промени и ќе бидат значително олеснети за гласање, додека последната промена е тоа што ќе критериумите ќе бидат разјаснети и многу ќе биде полесно за самите гласачи.