Aнглискиот фудбалски судија Дејвид Кут, доби забрана за секакви судиски активности од страна на УЕФА до јуни 2026 година.
Кут беше суспендиран од судењето во Англија во декември, неколку недели откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како го навредува поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп.
УЕФА отвори истрага против Кут во ноември, откако таблоидот „Сан“ објави видео на кое се гледа како тој шмрка бел прав за време на ЕВРО 2024.
Во соопштението за казната, УЕФА објави дека Кут ги прекршил правилата за добро однесување и го омаловажил „фудбалот и особено УЕФА“.
Минатиот месец Кут откри и дека е хомосексуалец и дека стравот од разоткривање го навело да се сврти кон дрога.
Тој се најде во центарот на вниманието и во ноември кога беше обвинет дека за да задоволи свој пријател кој во 2019 година се обложил дека Езџан Алиоски кој тогаш играше за Лидс ќе добие жолт картон, му покажал картон на македонскиот лев бек и потоа се надевал на дел од добивката.