Контроверзниот Стојанов се пофали: Купивме клуб од Трета лига – Исток, ќе го преименуваме во ФК Јунак

Контроверзниот претседател на бугарското здружение, фондација “Македонија“, во интервју за бугарски медиум се пофали дека успеале да купат клуб од Третата лига – Исток и во иднина ќе го преименуваат во ФК Јунак. Како што вели Стојанов: “Бугарите после 80 години ќе имаат фудбалски клуб во Македонија“.

Тој открива дека клубот е од место близу бугарската граница, со убав стадион, а за клубот настапува фудбалер со преку 200 настапи во прволигашката конкуренција.

Виктор Стојанов не открива за кој клуб се работи, за да се заштити, а откри дека ќе платат 1.000 евра за котизација, 1.000 евра за патни трошоци и 13 до 15.000 евра за платите на фудбалерите.

Македонската јавност може само да погодува за кој клуб се работи. Минатата сезона во Третата лига – Исток, освен Осогово кој се пласира во второлигашката конкуренција, настапуваа уште: Овче Поле (Свети Николе), Тиверија (Струмица), Малеш (Берово), Рудар (Пробиштип), Дојранско Езеро (Нов Дојран), Академија Чешиново Облешево (Теранци), Вардарски (Богданци), Брегалница (Делчево), Карбинци, Спартмани (Градско Балдовци) и Победа (Валандово).

Целото интервју и деталите може да ги прочитате ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести