Контроверзно анти-допинг правило, тенисерите ќе се тушираат под надзор!

Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА) објави важни ажурирања на својата анти-допинг програма за играчите кои предизвикаа контроверзи и се обвинува за кршење на човековите права.

„ИТИА и ИТФ работеа напорно во минатото за да обезбедат дека туширањето по натпревари може да се смета за прифатливо одложување на допинг контролата, особено кога отсуството на туш ​​може негативно да влијае на здравјето и кондицијата на играчот. Сепак, туширањето не е право, и поради оваа причина ИТИА љубезно бара играчите кои се тушираат да го почитуваат барањето постојано да бидат под надзор. Ако на играчот му е непријатно да го гледаат додека се тушира, препорачуваме да размисли дали да се тушира пред давање примерок за допинг контрола“, се вели во соопштението на агенцијата.

Ова значи дека играчите имаат избор: или прво ќе даваат примерок за допинг тест, или ако сакаат прво да се тушираат, па да дадат урина, ќе мора да бидат набљудувани од придружници кои ќе внимаваат на нив.

Во минатото имало случаи кога спортисти уринирале под туш за да избегнат позитивни тестови за допинг, а првиот примерок може да биде клучен.

- Оглас -

Најнови вести