Копа Америка го зеде данокот, Интер Мајами со најтежок пораз во својата историја (Видео)

Во меч од МЛС лигата, Синсинати го прегази Интер Мајами со резултат 6-1, и ова е најтежок пораз во историјата на тимот од Мајами чиј сопственик е Дејвид Бекам.

Синсинати има 12 победи во последните 14 меча, па Мајами не можеше да парира без ѕвездите Лионел Меси и Луис Суарес кои се со своите репрезентации на Копа Америка, а притоа Серхио Бускетс беше исклучен во 63-та минута при 5-1 за противникот.

Ова е шестиот гол за Синсинати со кој се комплетираше голеадата:

- Оглас -

Најнови вести