Еден маестрален потег на Лаутаро Мартинес во десеттата минута и погодок на Џовани Ло Селсо во 74. минута и беа доволни на Аргентина за победа од 2:0 против Венецуела и пласман во полуфиналето.
Аргентинците беа подобри во текот на целиот меч и заслужено славеа, па сега ќе мораат на мегдан на вечниот ривал Бразил, во меч за финале на Копа Америка.
Почетокот беше одличен за „гаучосите“, а голот на Лаутаро Мартинес прекрасен во десеттата минута. Со петица напаѓачот на Интер ја затресе мрежата на Венецуела, а потоа Ло Селсо стави печат на сигурната победа на фаворитот.
https://twitter.com/AltMedia4/status/1144709347706060801
Во финале пред финалето Аргентинците ќе играат против Бразил, а се чека и втората двојка за полуфинале, што ќе ја комплетираат победниците од дуелите меѓу Колумбија и Чиле, односно Уругвај и Перу.