Русија и Португалија од 17.30 часот го почнуваат финалето на Европското првенство во футсал, а вечерва ќе се добие првакот и на Јужна Америка, во финалниот дуел се среќаваат Аргентина и Парагвај.
Во полуфиналето, Аргентинците на пенали го победија Бразил. Но, за Гаучосите пенал серијата не почна добро, тие не го реализираа првиот шут, но барем го нокаутираа голманот Ронкаљо.
По шутот на Лукас Боло, топката го удри Ронкаљо в лице, а бразилскиот голман се заниша и заврши во мрежата, по што целата конструкција на голот падна. Навистина ретко видена ситуација, која насмеа многумина.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) February 6, 2022