Четири натпревари од плејофот за Лигата на шампионите и еден дуел од шпанската Ла Лига се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози е 44.2, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.00 и 2.40.
Очекувањата се дека Карабах и Ференцварош ќе одиграат ефикасно во второто полувреме, но квотата од 2.00 ќе биде добитна само ако во првото полувреме нема повеќе од еден гол, а во вториот дел бидат постигнати помеѓу еден и три гола.
Бенфика нема да загуби од Фенербахче, но голови ќе има и во двете полувремиња. Доколку овие услови бидат исполнети, квотата од 2.00 ќе биде добитна.
Понудената квота од 2.00 за мечот помеѓу Бриж и Глазгов ренџерс ќе биде добитна само ако домашните постигнат барем еден гол во првото полувреме, но и најмалку два на целиот натпревар.
Копенхаген е фаворит за победа против Базел, па доколку успеат во тоа, но и ако има најмалку еден гол во првото полувреме, квотата од 2.30 ќе биде добитна.
Голови се очекуваат и на мечот од Ла Лига помеѓу Селта и Бетис. Квотата од 2.40 ќе биде добитна доколку во првото полувреме има помеѓу еден и три гола, но и најмалку три на целиот натпревар.