6726 ФК Копенхаген – Малме (19.00 часот)
Првиот меч на соседите чии стадиони се оддалечени само 40-тина километри иако се во две различни држави, заврши 0-0, па вечерва на „Паркен“ ќе мора да има гол(ови) за да се одреди патникот во плејофот за Лигата на шампионите. Тој што ќе победи, а ние веруваме дека ќе биде Копенхаген, во европската елита ќе се бори против Базел. Копенхаген и Малме викендов загубија во домашните лиги, но со мислите беа кон овој меч, кој е многукратно позначаен. На првиот меч во Малме имаше само еден шут во рамките на головите, па таа статистика вели дека и вечерва тешко ќе може да има некаква голеада.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.30)
6728 Пафос – Динамо Киев (19.00 часот)
Тука имаме интересна ситуација. Иако кипарскиот првак го доби првиот меч на гости со 1-0, Динамо и понатаму важи за фаворит за пласман во плејофот. Тоа го велат и квотите во Sport Life, коефициентот за триумф на гостите е помал од тој за победа на домашните. Во плејофот, подобриот од овој двобој ќе разигрува најверојатно против Црвена ѕвезда. За Пафос тоа би било историски успех, но во Динамо тешко дека ќе се помират со тоа, а и добро се загреани, викендов победија со 5-1.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.70)
6731 Ференцварош – Лудогорец (20.15)
Немаше гол во Разград, па во Будимпешта ќе се одлучува кој оди на Карабах, а кој на Шкендија во плејофот. Унгарците беа малку поопасни и во Бугарија, но Лудогорец имаше една погодена пречка, па и тие жалат што не победија. Домашните важат за фаворити на хартија, но тоа не е гаранција дека ќе стигнат до следната фаза од квалификациите за ЛШ. И Бугарите се клуб кој играл во главната фаза на ЛШ последнава деценија и малку, не се неискусни, па треба да се очекува жестока борба.
Предлог тип: 1Х & 2-3 (2.21)
6748 Слован Братислава – Каират (20.15 часот)
Казахстански Каират можеби изненади некого со победата од 1-0 на првиот меч, но Каират, кој победи со гол од пенал во 90-тата минута, претходно ги елиминира и прваците на Финска и Словенија, не се лош тим. За двата тима ова ќе биде прв меч по нивниот меѓусебен дуел минатата недела, викендов не играа на домашна сцена. Победникот оди во плејофот за ЛШ и ќе има тешка задача против шкотскиот Селтик, но победата вечерва значи и загарантирано место во Лигата на Европа.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.60)
6749 Бенфика – Ница (21.00 часот)
Бенфика заврши голем дел од работата со победата од 2-0 на гостувањето во Франција и вечерва на Ница ќе ѝ треба чудо во Лисабон за да оди во плејофот за ЛШ, каде што ги чекаат Феенорд или Фенербахче. Бенфика покажа дека е посилна, но сега прашањето е дали ќе биде исто толку мотивирана да победи и на реваншот или ќе калкулира малку, со оглед на тоа дека им одговара и реми, па дури и пораз ако е минимален.
Предлог тип: 1 & 1+ пол. (1.82)