Копенхаген нема шанса против Црвените ѓаволи

Интер – Баер Леверкузен (фудбал, Лига на Европа, четвртфинале, 21.00 часот)

Италијанскиот како клуб кој е многу потрофеен од Баер би требало да важи за фаворити на хартија, има и многу поскап тим од Фармацевтите, но не треба да се заборави дека ова четвртфиналето во Лигата на Европа се игра во Дизелдорф, кој е само на 50-тина километри од Леверкузен. Интер на последните пет меча нема примено гол, а Баер е непредвидлив тим кој многу ретко ремизира. Овие тимови се сретнаа и пред 17 сезони, Интер победи двапати. Можеби е попаметно да се типува колку голови ќе паднат.

Предлог тип: 2-3 гола (2.03)

 

Манчестер јунајтед – ФК Копенхаген (фудбал, Лига на Европа, четвртфинале, 21.00 часот)

Овој меч ќе се игра на стадионот во Келн, а сите показатели се на страната на англискиот тим. Не дека Копенхаген е толку слаб, но формата на Манчестер е во нагорна линија и тој е фаворит за трофејот. Данците во претходната рунда го елиминираа Башакшехир и покажаа дека не се наивни, но ако Јунајтед одигра на потребното ниво, се знае победникот. Овие клубови меѓу себе играле и пред 14 години, билансот е 1-1, секој си победил дома. Овојпат играат на неутрален терен, без публика, па не е исклучено двата тима да дадат гол.

Предлог тип (квота на денот во Sport Life): 1 & 2-4 (2.05)

 

Пескара – Перуџа (фудбал, Италија 2 плејаут, 21.00 часот)

Ова е прв меч од финалето во битката за опстанок во Серија Б, реваншот во Перуџа е на 14-ти август. Двата клуба се некогашни прволигаши и не е пријатно што едниот ќе испадне во трета лига. Регуларната сезона ја завршија со по 45 бода. На Пескара, која ретко губи дома во последно време, од последните осум меча во Серија Б, седум им завршија со 0-2 гола, а единствениот кој беше ефикасен (2-2) беше токму против Перуџа. Во декември, во Перуџа исто така паднаа четири гола, беше 3-1 за домашните.

Предлог тип: 1 (2.55)

 

Молде – Бран (фудбал, Норвешка, 20.30 часот)

Молде загуби двапати во последните четири кола и затоа е „само“ втор на табелата, но вечерва би требало да победи против Бран, кој во последните пет кола освои само два бода. Молде во 13-те кола даде 39 гола, што е просек од три по меч. Особено опасни се дома, а со Бран последен пат играа пријателски меч во јуни, кој заврши 3-2. Бран од 2006 не знае за победа кај Молде, па и традицијата најавува победа на домашните.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.88)

 

Тун – Вадуц (фудбал, Швајцарија плејаут, 18.15 часот)

Тимот од главниот град на Лихтенштајн го доби првиот дуел со 2-0, па пред Тун е многу тешка мисија да остане во Суперлигата. Тун на свој терен нема загубено од декември, додека Вадуц на 2 август му заврши серија без пораз на гости која почна уште во октомври. Вадуц никогаш не победил во Тун, а и поради реултатот кој го бранат од првиот дуел, веројатно ќе калкулираат и нема да одат на победа, туку би се задоволиле со реми или минимален пораз.

Предлог тип: 1Х & 2-5 (1.50)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Оуд Еверле – Еупен 1Х & 2-4 (2.25)

Интер – Баер Леверкузен 1Х & ГГ (2.20)

Манчестер јунајтед – ФК Копенхаген 1 & 2-4 (2.05)

- Оглас -

Најнови вести